Завршен состанокот на премиери од Западен Балкан што се одржа во Сараево

Тричасовниот состанок на премиерите од државите од Западен Балкан заврши денеска во Сараево. Состанокот беше во рамки на подготовки за претстојниот четврти самит на Берлинскиот процес што ќе се одржи во јули.
Домаќинот, претседавачот со Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ рече дека стабилноста мирот и безбедноста на овој простор се клучни за политички, социјални и економски развој на државите од Западен Балкан поради што „премиерите на државите имаат одговорност да ги задржат нашите земји на европскиот пат“.
На состанокот присуствуваше и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан. Тој порача дека државите членки на ЕУ и покрај изборите кои се во тек или следат во повеќе држави, во целост се приврзани за процесот на ширење на западен Балкан. Предупреди дека државите од регионот не смеат да дозволат пречки да загрозат остварен напредок.
Како најважно прашање Хан ја наведе економијата бидејќи како што објасни, економијата прво носи напредок во процесот на европски интеграции. Спомена и за понатамошно поврзување на инфраструктурата и економиите.
Конференцијата почна со свечено доаѓање на премиерите на Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија. На собирот беше и шефот на косовската влада Иса Мустафа и Анџелино Алфано, министер за надворешни работи на Италија, следна држава домаќин на Самит на држави од Западен Балкан во јули во Трст.
Ново на Сител
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
