Свет
28. December 2018 - 18:52

Завршена е оградата долга 60 километри меѓу Крим и Украина

Денеска заврши изградбата на оградата долга 60 километри на границата меѓу Крим и Украина, соопштија кримските власти.
 
– Планираната изградба на инженерските структури и инсталации со сложен систем за аларм на сензори е завршена во областа на Перекоп. Планирањето и развојот на документацијата почнаа во 2015 година, стои во извештајот.
 
Оградата се состои од неколки видови барикади, различни видови сензори, некои скриени, а некои видливи системи за видео надзор, вклучувајќи и инфрацрвена опрема.
 
Оградата, меѓу другото, служи и за спречување обиди да се организираат незаконски активности за трговија со оружје, муниција, стоки, цигари, алкохол, гориво, дроги… Исто така оградата има за цел и да спречи илегални преминувања на границата.