Македонија
24. јуни 2016 - 10:09

Заврши 12. меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“-Битола

Со изложба на уметници од Италија, Србија, Велика Британија, Полска, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Македонија, синоќа во Битола заврши 12. издание на меѓународната ликовна колонија „Де Ниро 2016“.

Учесниците на колонијата, Паоло Чампини од Италија, Александар Педовиќ и Никола Стојановиќ од Србија, Тери Чип-Велика Британија и Катрина Садрак Велика Британија-Полска, Драган Мијач од Црна Гора, Маша Гала од Словенија, Страхил Ненов од Бугарија, Решат Амети, Сергеј Андреевски и Димитар Петковски од Македонија и Диме Темков Македонија-Словенија, сликаа во Битола, Охрид, Крушево и во преспанското село Курбиново.

- Уметниците создадоа 40 нови уметнички дела, најголем дел работени во акрил и масло на платно, истакна Драги Филевски, домаќин и организатор на колонијата.

Филевски посочи дека меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“-Битола во изминатиот период има организирано 38 изложби во Македонија и надвор од Република Македонија.

- Кон крајот на оваа 2016 година и почетокот на 2017 година ќе организираме изложби со годинешните дела, а паралелно подготвуваме заеднички проект со Меѓународната ликовна колонија „Буљарица Арт“ од Црна Гора, рече Филевски.