-->
-->
Заврши есенската дератизација во Бутел
-->

Општина Бутел ја заврши есeнската дератизaција на својата територија со која беа опфатени вкупно 1.250 шахти, во кои се ставени 3.750 мамци во сите населени места во општината.
Во првите денови, од 19 до 21 октомври, истретирани се шахтите во населените места: Радишани (од двете страни на реката Серава), Расадник, Љуботенски пат, Визбегово и Бутел 1. Повторно беа третирани и околу сто шахти во селата Љубанци и Љуботен. Со тоа заврши првата фаза од дератизацијата.
Поради врнежите од дожд, втората фаза беше реализирана во понеделникот и вторникот 26 и 27 октомври кога беа опфатени шахтите во населените места Бутел 2 и Скопје Север.
Дератизацијата ја изврши Ветеринарна болница-Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
