Заврши јубилејниот Скопје постер фестивал

Затворањето на последните изложби од 10. Скопје постер фестивал во Музејот на град Скопје го заокружи јубилејно издание. Од 14 ноември до 4 декември фестивалот понуди изложби, мастер-работилници, дизајн конференција, панел дискусија, дружење со менторите, забавна вечерна програма.
Графички дизајнери од пет земји кои беа во жирито ја направија селекцијата од илјадници пристигнати плакати од 68 земји на 10. Скопје постер конкурс кој беше на тема „Вештачка реалност".
Стотина финалисти, меѓу кои и четворица автори од Македонија, се пласираа во почесната селекција за избор на најдобрите. Главните награди ги добија дизајнери од Полска и Русија, наградите од жирито беа доделени за плакати од Македонија и Унгарија, а останатите шест почесни ги добија млади дизајнери од Канада, Кина, Полска, Унгарија.
Јубилејниот Скопје постер фестивал го посетија Лекс Древински, Лех Мајевски, Реза Абедини, Свен Сориќ и Хрвоје Спудиќ, придружени од македонските дизајнери Лазе Трипков и Иван Дургутовски, гости и членови на жирито кои, како што наведува организаторот, создале одлично фестивалско уживање за креативците.
Во рамки на фестивалот беше поставена изложбз на современ македонски плакат и оджани панел-дискусии и конференции, меѓу кои „Дизајнот и социјалната инклузија" и „Пет искуства за успешен дизајн".
Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и се одвиваше на пет локации. Во наредните месеци изложбата на тема „Вештачка реалност" ќе биде прикажана во неколку градови во Македонија, а првите од серијата планирани претставувања во странство ќе бидат во Полска и Турција.
Ново на Сител
-

ГОБ 8-ми Септември со реновиран оперативен блок – за пациентите достапен за два месеци
-

Волк или куче - што беше заловено во Козле ќе покажат анализите на АХВ
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
