Балкан
9. December 2015 - 21:53

Заврши полициската акција на граничниот премин Идомени

Заврши десетчасовната операција на грчката полиција за отстранување на мигрантите, кои се наоѓаа во неутралната зона на границата меѓу Грција и Македонија, јавија грчките медиуми.

Најмалку 2.300 странци, првенствено од Пакистан, Сомалија, Мароко, Алжир и Бангладеш, превезени се со 45 автобуси до Атина.

Акцијата, во која учествуваа 350 полицајци, помина без инциденти, а повторно е воспоставен железничкиот сообраќај.