Заврши протестот пред Парламентот за Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името
Пред Собранието на Македонија вечерва се одржа мирен протест под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ организиран од Млади на Македонија.
Протестот беше организиран против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.
Учесниците на протестот повикаа за одбрана на уставното име на Македонија.
- Ќе се бориме со сите демократски средства за поништување на срамниот Договор. Излегуваме да го заштитиме името, идентитетот и државата Република Македонија, истакнаа организаторите на протестот.
Тие носеа транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и најавија кривични пријави за директорот на Бирото за јавна безбедност и за министерот за внатрешни работи.
- Бараме од пратениците да употребат институционални и вонинституционални мерки за отворање дебата за нерационалното решение што ни се наметнува. Ги повикуваме и граѓаните да спречат понатамошно кршење на Уставот и сме против двосмислено референдумско прашање за името, нагласија тие.
Апелираа и до медиумите да известуваат непристрасно од протестите.
Според објавеното на ФБ, Млади за Македонија се изјаснуваат за студенти од сите политички спектруми обединети под една цел - одбрана на името на татковината Македонија.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите