Заврши првата фаза од подготовката за театарската претстава „Буре барут“ во Зеница

Во Босанско народно позориште Зеница, БиХ е завршена првата фаза од големиот копродукциски проект „Буре барут“ на Дејан Дуковски помеѓу продуценската куќа Скопје Филм Студио, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница.
Проектот е резултат на Програмата за културна соработка меѓу Министерството за култура на РМ и Министерството за цивилни работни на Босна и Херцеговина за периодот 2016-2019 година.
„Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дејан Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска и Бугарија. Тoj е и еден од најнаградените македонски драмски текстови по кој е снимен и истоимениот филм, номиниран за српски кандидат за наградите Оскар од неанглиско говорно подрачје.
Режисер на претставата е режисерка Нина Николиќ, која на македонската публика ѝ е позната по претставите „Неверство“, „Секс, лаги и диви гуски“, „Кој пукаше на 21-ви“ како и една од претставите со најголем број на меѓуародни гостувања во изминатите две години „Разговори во четири очи“.
Драматург на претставата е Драгана Лукан Николоски од Скопје, сценографијата е на Ведран Хрустановиќ од Сараево, а кореографијата е на белгискиот уметник Томас Стјуард. Автор на музиката е Игор Касаповиќ.
Во претставата играат актери од ансамблот на Босанскиот народен театар Зеница: Aдис Механовиќ, Анџела Илиќ, Енес Салковиќ, Мирољуб Мијатовиќ, Мухамед Бахоњиќ, Нусмир Мухаремовиќ, Сабина Куленовиќ, Саша Ханџиќ и Златан Шкољиќ, како и Џенана Џаниќ и Кемал Ризвановиќ, одбрани на одржаната аудиција во Сараево.
Премиерата на претставата е на 27 септември во Босанско народно позориште Зеница, БиХ а набрзо потоа ќе има и македонска премиера во Скопје.
Ново на Сител
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
