Заврши првиот летен камп по веронаука
Триесетина деца учествуваа на првиот летен камп по веронаука, што се одржа во свештените комплекси Бигорски манастир и манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица.
- Повеќе од триесет деца имаа можност да се запознаат со основите на православната вера, на православното богослужение, на животот во манастир. Освен часовите по веронаука, децата учествуваа и во практичните манастирски задолженија. Оваа прва група се удостои и да присуствува на торжественото бдение и богослужба во чест на Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (Духовден), изјави отец Кирил.
Децата, како што информира, имале средба и со игуменот на Бигорскиот манастир, анхимандрит Партениј, на кого му ги искажале своите впечатоци од нивниот престој во манастирите.
- За Старецот, пак, и за сите нас, најголема награда ни беа насмевнатите детски лица и радоста што зрачеше од нив, изјави сестра Харитина.
Во впечатоците за учеството на кампот децата изразуваат благодарност за престојот во манастирите, грижата и вниманието кон нив и за наученото од проповедите.
На иницијатива и со благослов на архимандрит Партениј, ова лето ќе се организираат девет летни кампови.
Ново на Сител
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати