Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
Истече рокот за општините да достават дополнителна техничка документација за локалните проекти, кои ќе ги финансира Владата со пари од државниот буџет.
Станува збор за 6 милијарди денари кои ќе се слеат во буџетите на локалните самоуправи. Сарај, Теарце, Град Скопје и Струмица се четирите општини кои беа одбиени на првиот повик. Властите треба да соопштат дали некоја од нив, по продолжениот рок, сепак ќе има одобрен проект.
Кој побрзо ќе си сработи, толку побрзо ќе си ги добие парите на сметка.
Најголемиот број на одобрени проекти, над 80% се реализираат преку транспорт и врски.
Следната година во февруари, ќе се распише нов повик, втор по ред, на кој општините ќе може да аплицираат со нови проекти.
Во меѓувреме, во недела точно на пладне Мицкоски ќе преговара и со банкарите. На средбата се очекува да се допрецизираат условите за унгарскиот кредит наменет за бизнисот.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар