Заврши седмиот детски ликовен камп „АСНОМ“ во во Старо Нагоричане
Заврши седмиот детски ликовен камп „АСНОМ“, на кој учествуваа 40-тина ученици од основните училишта од Куманово.
Учениците изработија 150-тина дела во различни техники на кампот кој траеше три дена во комплексот „Етно село“ во Старо Нагоричане. Учениците и нивните ментори, професори по ликовна уметност денеска добија благодарници и признанија за учеството од градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјновски и организаторите, Фондацијата за култура и спорт.
Манифестацијата има за цел да го поттикне уметничкиот дух и креативноста кај децата и секоја година е се повеќе популарна меѓу младите уметници.
Директорот на Фондацијата Нино Величковски изјави дека досега на кампот учествувале голем број ученици од сите основни училишта во градот.
- Продукцијата е одлична, дел од овие ученици се креативни и ќе се запишат во средно и на факултетите за ликовна уметност. Тоа е нашата цел, да продуцираме квалитетни кадри, изјави Величковски. И дел од корисниците од двата дневни центри и годинава учествуваа на оваа манифестација.
Градоначалникот Зоран Дамјановски посочи дека општината ќе продолжи да вложува во уметноста.
- Станува збор за традиционален камп кој потврдува дека Куманово е препознатливо во ликовната уметност бидејќи во градот се оддржуваат бројни колонии. Делата ќе бидат понудени на продажна изложба, а собраните средства ќе бидат донирани на дневните центри. Кампот е извор на талентите од градот во ликовната уметност и ќе продолжиме да го поддржуваме, изјави Дамјановски.
Професорот по ликовна уметност Симона Јакимовска објасни дека учениците изминатите денови работеле на слободна тема, во различни техники, акрил на платно и скулптура.
- Ова се талентирани деца кои сакаат да работат и да учат нови техники, изјави Јакимовска.
Ново на Сител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи