Заврши заложничка криза во централна Англија
Припадници на британската полиција вечерва во упаднаа во салата за куглање во забавниот парк во Нанитон во централна Англија, ослободувајќи ги двајцата заложници што ги држеше вооружен маж, кој е приведен, јави Би-Би-Си.
Во изјава ја британскиот јавен сервис, директорот на компанијата „МФА Боул“, во чија сопственост е салата, Мехди Амшар изјави дека „кризата е надмината, без жртви“.
Според Амшар, лицето што ги задржа заложниците, најверојатно е поранешен сопруг или момче на некоја од вработените во компанијата.
Полицијата, уште претходно соопшти дека инцидентот во салата за куглање во трговскиот комплекс, во кој имало и кино, фитнес сала, продавници и ресторани, не е поврзана со тероризам.
Во објави на Твитер полицијата сепак ги повика грѓаните да ја избегнуваат областа на местото на инцидентот, каде пристигнаа неколку амбулатни возила и еден хеликоптер на Брза помош.
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош