Завршна презентација на кандидатот од Државната правосудна академија од Франција, Емили Петровски
Кандидатот од Државната правосудна академија (ЕНМ) од Република Франција, Емили Петровски денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги изложи стекнатите искуства во рамки на тринеделниот стаж во правосудните институции на Република Македонија.
Успешната соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и француската Амбасадата во Македонија продолжува во континуитет, а доказ за тоа, како што беше речено на презентацијата, е стажот на Петровски во Македонија, што е пракса на ЕНМ, а претставува значаен сегмент за изборот на идните судии и јавни обвинители во Франција.
Директорката на Академијата, Анета Арнаудовска рече дека во период од три работни седмици, колку што траеше стажот, Петровски реализираше повеќе работни средби и состаноци во низа правосудни институции во земјата, во согласност со агендата што ја подготви Академијата за судии и јавни обвинители, која беше усогласена со потребите на кандидатот од Франција.
Арнаудовска, потенцираше дека Академијата и француската Амбасада градат заемен партнерски однос кој резултира со реализација на бројни активности, особено во делот на едукацијата спроведена од најдобрите обучувачи, како и организацијата на семинари за едукација на судиите и обвинителите.
Францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние посочи дека Академијата за судии и јавни обвинители за француската Амбасада е стратешки партнер затоа што, како што рече, во акцискиот план кој го доставил до француски власи најголем акцент во целокупната соработка е ставен на јакнењето на државата, кое најпрво почнува преку јакнењето на правдата.
Потсети дека Академијата за судии веќе осум години е домаќин на практиканти од Франција, а Емили Петровски е втора која има македонско потекло.
Од тринеделниот престој во Македонија, Петровски рече дека ќе понесе убави впечатоци, притоа изразувајќи благодарност за програмата за реализацијата на стажот.
Според неа, едукацијата на идните судии и јавни обвинители е од суштинско значење, што го следи трендот на француската едукација на судии и јавни обвинители.
Петровски на презентацијата, посочи дека се изненадила бидејќи во Македонија кога некој се жали во Апелацискиот суд, тогаш овој суд не прави ново судење, туку носи само одлука за отфрлање на пресудата или за повторно враќање во суд. Во таа насока појасни дека во Франција тоа не е така, бидејќи Апелацискиот суд прави ново судење, оценува, но не го враќа предметот во основен суд и неможе истиот судија повторно да одлучува по истиот предмет.
По завршувањето на работата во Академијата во Франција Емили Петровски во септември годинава ќе одбере да биде судија или јавен обвинител.
Директорката Арнаудовска по завршувањето на презентацијата на Петровски и врачи „Златна маска“ во спомен во стажирањето во Македонија.
Академијата за судии и јавни обвинители до сега им овозможи на пет кандидати од Државната правосудна академија (ЕНМ) на Франција да го реализираат својот стаж во Република Македонија, како дел од активностите кои се во рамките на Меморандумот за соработката помеѓу Академијата и француската Амбасада во Македонија.
Досегашната пракса, како што велат од Академијата за судии и јавни обвинители, покажа дека стажирањето е уште еден позитивен начин за да се усвојат нови знаења, но и истовремено преку размена на искуства да се промовираат правосудните системи на двете земји.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса