Македонија
25. September 2019 - 15:05

Завршува асфалтирањето на регионалниот патен правец Тетово-Попова Шапка

На Попова Шапка се изведуваат завршите работи од реконструкцијата и асфалтирањето на патот од Тетово до овој скијачки центар што започна на 23 јули. Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Јавното претпријатие „Македонија пат“ Беким Мемеди извршија увид како се одвиваат работите.

-Ова е значајна инвестиција на Агенција за патишта и јавното претријатие „Македонија пат“ се со цел да се подобрат инфраструктурни услови на сите жители и поттикне туризмот. Немаше застој во градежните работи како што известија одредени медиуми. Бидејќи Агенцијата за патишта согласно процедурите од ЕБРД го градеше патот од Тетово до влезот на Попова Шапка кај викендичките. Останатото што е дел од регионалниот пат се гради со средства од директно од Македонија пат и Агенцијата за патишта, изјави министерот Крешник Бектеши.

Директорот на јавното претријатие оцени дека уште денес асфалтирањето ќе биде завршено.

-Се асфалтира од влезот кај викендичките на Попова Шапка па се до до зимскиот пункт ЈП „Македонија пат“. До таму со закон е предвиден регионален пат и денес за негде до час би завршиле комплетно со асфалтирање со делот на регионалниот пат, изјави директорот на Јавното претпријатие „Македонија пат“ Беким Мемеди.

Нова асфалтна површина се постави на целиот пат Тетово-Попова Шапка во должина од 18 километри и 200 метри.