Завршува учебната 2018/2019 година
За околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20 000 првачиња утре е последниот ден од учебната 2018/2019 година.
На учениците кои завршуваат деветто одделение им претстои запишување во средно образование. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни.
Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35 690 ученички места.
Матурантите, пак, пред да се запишат на факултет во август, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец – во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија, физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.
Од септември се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk) за доставување сугестии и забелешки.
Ново на Сител
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми