„Здраво млади“ годинава со речиси 5.000 посетители

Годинашното издание на фестивалот на новата музика „Здраво млади 8“, е со двојно зголемена посетеност од претходните изданија.
- Осмото издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“ покажа дека Скопје има капацитет и желба и за многу повеќе. Дванаесетчасовната програма распослана на неколку сцени пред и во МКЦ, ведрата, насмеана и разиграна публика, меѓу која и голем број странски гости, дојдена во Скопје специјално за фестивалот, го потврдуваат сето тоа, наведуваат од МКЦ.
Посебно значајно за годинашното издание на фестивалот е тоа што тој влезе во фестивалската биографија на глобалниот феномен „Cigarettes After Sex“.
Фестивалската програма започна со најновото музичко-сценско освежување на домашната театарска сцена, рап-мјузиклот „Црнила ремикс“, во режија на Јордан Симонов, а продукција на МКЦ.

Музичката програма ги претстави и домашните Палиндром, српските Репетитор, вторите гости од САД, Wooden Shјips, а на сцените внатре во МКЦ беа претставени и: Eric Copeland, музичко-визуелниот тајфун Blanck Mass, берлинското чудо Camera, надежната раперка Flohio, како и домашната „одбрана“ Don Playa, Bon Praskiza, Oggie и Druggy Drags со програма што будно траеше до раните утрински часови.
Во галеријата на МКЦ беше поставена и изложбата на фотографии на германскиот автор Стефан Хекел – „Landscape Unusual“, а високата позитивна енергија на фестивалот цело време ја одржуваше нашиот најголем фан и „Здраво млади“ резидент, Ирецот DJ FITZ, соопштија од МКЦ.
„Здраво млади“ оваа година се потруди да ги донесе на концертно уживање и најмладите, креирајќи посебна јуниор програма со концерт на „Пет плус бенд“. Фестивалот оваа година оствари рекордна посетенот, со околу 5.000 посетители, а како никогаш претходно доминираа млади лица, наведуваат од МКЦ.
Ново на Сител
-

Претпладне променливо облачно, попладне дожд - од понеделник пад на температурите
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
