Здравствен работник од Македонска Каменица позитивен на Ковид-19
Здравствен работник од Македонска Каменица е петтиот позитивен случај на вирусот Ковид-19 во оваа општина. Лицето кое се грижи за здравјето на фудбалерите на ФК „Каменица Саса“ веста ја дознало денеска по направените тестирања во клубот, по што јавно ја соопшти на својот фејсбук профил.
– Почитувани сограѓани. Чувствувам општествена одговорност да ве информирам дека пред почетокот на фудбалската 2020/21 сезона, сите членови на стручниот штаб на ФК „Каменица Саса“ и фудбалерите бевме тестирани за Ковид-19 по протокол. Денес ми соопштија дека на тестот за жал сум позитивен и покрај целосно почитување на мерките на работа и приватно. За сега немам никакви симптоми, но следат денови на изолација, денови на борба, за која сум сигурен дека со помош на моето семејство ке победиме. Останете во добро здравје и почитувајте ги мерките, се наведува во соопштението на здравствениот работник по повод неговиот позитивен тест.
Освен здравствениот работник, кој е вработен во Итната медицинска помош во Македонска Каменица, според информациите од Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево кој е надлежен и за здравствената станица во Македонска Каменица, од направените тестирања во клубот има уште едно лице позитивно на вирусот кое е без симптоми.
Во текот на денешниот ден беа потврдени и претходно регистрираните два позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево. Во останатите општини кои гравитираат околу Делчево, откако неколку дена по ред имаше зголемување на случаите со Ковид-19 во Малешевијата, денес не е регистриран ниту еден случај на коронавирус.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите