Здружението „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името
- Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаат доставено барање за измени.
Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола досега не е поднесено барање.
Според постечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.
Според измените на Законот за здруженија и фондации усвоени во ноември 2022 година, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.
Со измените се уредува дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи,претходно денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македонија при што биле размените мислења за прашања коишто ја засегаат бугарската заедница во Северна Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.
-На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, информираа од МНР.
Ново на Сител
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција