Здружението на винари избира најдобри млади вина
Најдобри млади вина од годинашната берба грозје избира Здружението на винари од Македонија со седиште во Кавадарци.
Како што соопшти денеска заменик-претседателот на Здружението Елена Богева, изборот е во чест на празникот на млади вина „Божоле нуво” кој се слави во разни земји од светот.
- Настанот е во чест на денот на младото вино кој се празнува од 1937 година, секој трет четврток во ноември. Ова е наша традиционална манифестација за оценување на новите вина произведени од домашни производители. Ја организираме заедно со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, рече Богева.
Сите заинтересирани индивидуални винари можат да учествуваат во настанот со свои мостри вино. Квалитетот на мострите ќе го определува комисија која ќе ги дегустира, оцени и награди најдобрите, а е составена од стручни лица, енолози.
Ново на Сител
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии