-->
-->
„Зелена Македонија“ во општина Чешиново Облешево
-->

Општина Чешиново Облешево започна со реализација на програмата „Зелена Македонија“ во која се ангажирани 12 невработени лица од општината за извршување на општокорисни работи во период од чест месеци. Овие работници ќе бидат ангажирани во Јавното претпријатие „Облешево“.
- Проектот „Зелена Македонија“ во нашата општина се спроведува трета година и резултатите се повеќе од задоволителни. Годинава вработените лица ќе работат на одржување на локалниот и дел од магистралниот пат М5 кој поминува низ Облешево, како и на одржување на паркови и зеленило, на пазарот во Облешево и одржување на чистотата на одредени рекреативни места во општината, изјави Катерина Апостолова,од општина Чешиново Облешево.
Во изминатите три години преку проектот „Зелена Македонија“ работни се ангажирани 45 лица, од кои десетина по завршувањето на проектот најдоа трајно вработување во повеќе субјекти во општината. Лицата кои се ангажирани во проектот ќе добиваат надомест кој го обезбедува општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
