Македонија
22. March 2024 - 11:42

Зеленчук со пестициди произведен во Македонија вратен од Хрватска

Вратени 4 пратки од Македонија наменети за хрватскиот пазар полни со пестициди, пишува хрватскиот портал Даница. До овие бројки дошле откако навреме реагирале од хрватската агенција за храна. Целото овошје и зеленчук било стопирано уште на самата граница каде не било дозволен влез во Хрватска.

На прво место според овој портал се наоѓа Турција, додека ние го држиме второто место. Како штетни биле идентифукувани мешаната салата, морковот и пиперките.