Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но „нема да направи никаков компромис за руската позиција за време на овие преговори”, изјави заменик шеф на Кабинетот, за Си-Ен-Ен.
Иако разговорите меѓу украинските и руските министри за надворешни работи, одржани вчера во Анталија, не донесоа никаков голем напредок, Украина не беше премногу оптимист од самиот почеток, рече Ихор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.
„Ова е навистина добра работа што тие се сретнаа, но за жал можеме да кажеме дека министерот за надворешни работи на Русија не е тој што ја носи конечната одлука. Конечната одлука да се запре војната, да се направи прекин на огнот, да се повлечат војниците ја носи само едно лице”, рече тој, очигледно мислејќи на Путин.
Жовква рече дека иако Зеленски е подготвен за дипломатско решение, тој не се слушнал лично со рускиот претседател или со неговите помошници.
„Последното нешто што го слушнав од нив беше дека се уште треба да работиме во формат на две делегации… Но, погледнете, дури ни договорите постигнати за време на овие преговори не се одржуваат”, рече Жовква, укажувајќи на хуманитарните коридори во Украина
Жовква рече дека Украина е отворена за неутралност „доколку НАТО блокот засега не е подготвен да ја прифати Украина”.
„Но, во исто време, ни требаат тешки безбедносни гаранции за Украина, така што овие ужасни војни, оваа страшна агресија да не се повторат во иднина”, додаде тој.
Жовква рече дека Украина сака да соработува со Путин и нејзините соседи за да воспостави систем што тој го нарече „обновен безбедносен систем на Европа”.
„Мојата земја, украинскиот народ заслужува да стане дел од европското семејство… Украина се бори за безбедноста на цела Европа. Значи, кога (францускиот) претседател (Емануел) Макрон зборува за можна европска безбедност, како може да зборува без да го има претседателот Зеленски на маса? Без да ги имаме претседателот Зеленски и Украина во Европската унија?” – изјави Жовква.
Ново на Сител
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
