Зеленски го покани Си Џинпинг да ја посети Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати покана до кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина.
– Ние сме подготвени да го пречекаме овде, рече Зеленски во интервју за Асошиејтед прес.
Си не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“.
Си разговараше за конфликтот со рускиот претседател Владимир Путин, за време на државната посета на Москва минатата недела, иако разговорите не покажаа напредок за тоа како да се стави крај на војната.
Кинескиот предлог вклучува повик за деескалација и прекин на огнот во Украина.
САД го отфрлија предлогот, велејќи дека Кина нема кредибилитет затоа што одбива да ја осуди Русија за нејзината инвазија врз Украина. САД велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги зацврсти руските територијални придобивки и ќе ѝ даде на војската на Путин повеќе време да се прегрупира.
Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.
Ново на Сител
-
Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците
-
Малолетнички бракови тренд во Прилеп
-
Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“