-->
-->
Зеленски и Макрон разговараа за притисокот врз Русија и се согласија да се сретнат во блиска иднина
-->

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за притисокот врз Русија, а двајцата се согласиле и наскоро да се сретнат.
-Сега е вистинското време да се насочи ситуацијата кон крајот на војната, а најважно е целосно да се искористи секоја можност и да се изврши соодветен притисок врз Русија. Притисокот врз оној што ја почна војната е клучот за исходот. Емануел и јас разговаравме за сите тековни дипломатски аспекти и нашите најнови контакти со партнерите. Благодарен сум за поддршката. Се согласивме да се сретнеме во блиска иднина – напиша украинскиот претседател на Х.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
