Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале, меѓу другото, за купување на американско оружје и системи за противвоздушна одбрана, како и за потенцијална соработка меѓу Киев и Вашингтон во производството на беспилотни летала.
Лидерите разговарале за „купување на американски системи за противвоздушна одбрана што ќе ги заштитат нашите градови, нашите луѓе, нашите цркви и инфраструктура“, а Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги поддржи американските производители на оружје, потенцијално со европска помош.
„Разговаравме и за потенцијалот за заедничко производство на беспилотни летала, објави Зеленски на Икс.
Тој рече дека го информирал Трамп за разговорите меѓу украинската и руската делегација во Истанбул, како и за размената на затвореници и тела на убиените, додавајќи дека разговарале и за постигнување вистински мир во Украина.
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
