Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин
– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна.
Зеленски, на прашање на британскиот водител Пирс Морган за можноста за преговори со Путин, одговори дека тоа бби го направил „ако тоа би бил единствена опција која може да донесе мир на граѓаните на Украина“.
– Во тој случај ќе прифатиме состанок на четири учесници, наведе Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган nецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored).
Зеленски не прецизира кои би биле другите учесници, но Морган ја спомна можноста за преговори помеѓу Украина, Русија, САД и Европска Уnија.
Путин кон крајот на јануари изјави дека е отворен за преговори за крај на војхната во Украина, но отфрли директни разговори со Зеленски, бидејќи не гледа „волја“ кај Киев.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом