Зеленски најави бесплатно патување со воз и фиксни цени на енергијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека воведува програма за бесплатно патување со воз и ограничување на цените на енергијата за да им помогне на граѓаните да се соочат со зимата.
– Три илјади километри, за секој да може да избере бесплатни железнички линии во Украина – Лвов-Киев, Киев-Днепар и која било друга релација, рече Зеленски во видео порака, додавајќи дека деталите за програмата сè уште се разработуваат.
Тој рече дека железниците треба да им покажат на граѓаните на Украина дека буџетските средства доделени на државното претпријатие навистина се во служба на општеството.
Владата исто така ќе развие и програма за ублажување на зимските трошоци, слична на минатогодишната во која 14 милиони Украинци добија нешто повеќе од 20 евра поддршка.
– Дефинитивно ќе ја ограничиме цената на гасот оваа зима, нема да има зголемување, како и цената на електричната енергија за приватните домаќинства, вети Зеленски.
Цената на киловат-час електрична енергија во моментов изнесува нешто помалку од 0,09 евра. По руските напади со беспилотни летала и ракети врз електрани и трафостаници во текот на изминатата недела, електричната енергија е достапна во големи делови од земјата само неколку часа дневно.
Пред руската инвазија, која трае од февруари 2022 година, Украина беше најсиромашната земја во Европа според приходот по глава на жител, според пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Речиси половина од државниот буџет на Украина се финансира од странски заеми и фондови за помош.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
