Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е запознаен со „енергетското примирје“ меѓу Украина и Русија за кое соопшти американскиот претседател Доналд Трамп, но истакна дека Киев е подготвен да го прифати доколку Москва се согласила на тоа.
„Објавеното прекинување на огнот (во однос на енергетската инфраструктура) е новост за мене. Ако Русите се согласни на енергетско примирје, и Украина е согласна. Ако Трамп го договорил тоа со (рускиот претседател Владимир) Путин, ве молам, кажете ни кога стапува во сила примирјето – ние сме подготвени и ќе го прифатиме“, изјави Зеленски во интервју за порталот „Аксиос“.
Претходно денеска, на својата социјална мрежа Трут Соушл американскиот претседател соопшти дека Украина и Русија се согласиле на, како што рече, „енергетско примирје“, кое според неговите зборови стапува во сила веднаш, иако не изнесе дополнителни детали за договорот.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии
-

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“
-

ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска
-

На комисиска расправа Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво
-

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
