Зеленски: Окупаторот мора да биде уништен
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно , ноќно, последно обраќање до сонародниците ноќеска истакна дека вчерашниот ден беше плоден меѓународен ден за неговата земја и за украинската одбрана.
-Се одржа уште еден, веќе десетти, состанок во формат Рамштајн. Се разговараше за муниција за нашите војници, артилерија, тенкови, заштита на украинското небо. Постои решение. Ова е особено важно сега – кога се чувствува дека руската агресија се приближува до моментот кога може да пукне, рече Зеленски.
„Не постои таков терорист кој би можел да го изгради својот потенцијал во конфронтација со слободниот свет. Русија не е исклучок. Мора постојано да го зголемуваме притисокот врз теророт. Притисок во нашата одбрана, во санкции против Русија, во уништување начини за заобиколување на санкциите на руската држава и нејзините компании, во политички и правни притисоци“, порача украиснкиот претседател во ноќното обраќање до нацијата.
-Колку е поголем притисокот, толку побрзо ќе биде движењето кон обновување на нашиот територијален интегритет и меѓународниот правен поредок. Правиме се за нашите партнери да го почувствуваат тоа. Оваа потреба ќе продолжи да се притиска. Чекор по чекор. Постојано. Окупаторот мора да биде уништен, кажа Зеленски.
„Им благодарам на сите што тоа го прават! Слава на сите што сега се во борба! Секоја чест за сите што помагаат!“, додаде украинскиот претседател.
Ново на Сител
-

Ребалансот на буџетот и Законот за јавни набавки со над 2000 амандмани на Собраниска седница
-

Филипче: Во кое својство Мицкоски преговара за продажба на Алта Банка?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела
-

Македонија на прво место во сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
-

Неопходно е поголемо спознавање на сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
