Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика своите сојузници да не бидат само набљудувачи, туку да преземат акција против присуството на севернокорејски трупи во Русија пред да дојде до евентуални судири.
Во видео порака објавена на Телеграм, Зеленски нагласи дека Северна Кореја напредува во воените способности, распоредувањето на ракети и производството на оружје.
– За жал, сега ќе учат современо војување, рече тој, дополнувајќи дека војниците од Северна Кореја се наоѓаат во близина на украинската граница.
Зеленски истакна дека Украина има информации за секоја позиција на севернокорејските војници во Русија, но западните сојузници сè уште не обезбедиле соодветни оружја со долг дострел за напад врз тие позиции.
„Наместо потребните капацитети со долг дострел, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа…“, рече Зеленски.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека во Русија се наоѓаат 10.000 севернокорејски војници, од кои околу 8.000 во јужната област Курск, каде што украинските сили започнаа офанзива во август.
Севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи вчера му порача на рускиот колега Сергеј Лавров дека нејзината земја ќе ја поддржува Русија сè додека не победи во војната во Украина.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
