Зеленски: Расте дрскоста на Русите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „расте дрскоста на Русите“, коментирајќи ги интензивните напади на руските вооружени сили врз територијата на Украина.
Во порака објавена на социјалните мрежи тој рече дека Киев ќе одговори „асиметрично“.
– Дрскоста на Русите расте – сè почесто ја напаѓаат Украина во текот на денот со десетици јуришни дронови. Синоќа имаше 150 дронови, утрово повеќе од 50, а повеќето од нив беа „Шахеди“, информира Зеленски.
Според него, ваквиот развој на настаните покажува непочитување на мировните напори од страна на Москва. Зеленски додаде и дека руските вооружени сили акумулираат сили на „одредени делови од фронтот“.
– Русија продолжува да напаѓа. Секако, ние ќе одговориме на тоа. Ќе одговориме, вклучително и асиметрично, така што Русија дефинитивно ќе ги почувствува последиците од својата дрскост, напиша украинскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
