-->
-->
Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-->

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред почетокот на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида изјави дека се надева дека разговорите ќе донесат мир „што е можно побрзо“.
Зеленски изјави дека на состанокот ќе се разговара за стратегиите за напредок во реализацијата на планот за завршување на војната во Украина, објави Би-Би-Си.
На прашање дали верува дека ќе има територијални отстапки, тој рече дека на состанокот ќе се разговара и за таа тема.
„Украинските и американските тимови составија 90 проценти од планот во 20 точки и ќе разговараме за сите точки, вклучително и за прашањето за териториите“, рече Зеленски.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
