Зеленски: Ситуацијата во Бахмут е се потешка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа призна дека ситуацијата околу Бахмут, на истокот на земјата, се влошува.
-Ситуацијата станува се посложена, рече тој во редовното дневното обраќање до сонародниците. „Непријателот систематски уништува се што може да се искористи за заштита на нашите позиции“, додаде тој, нарекувајќи ги украинските војници кои учествуваат во таа битка „вистински херои“.
Руските сили од минатото лето се обидуваат да го заземат Бахмут, чија стратешка важност е спорна, но која стана симбол на борбата за контрола на Донбас, во источна Украина.
Водачот на проруските сепаратисти во регионот Доњецк (источна Украина), Денис Пушилин, вчера на руската телевизија изјави дека сите пристапни патишта до Бахмут се „во досегот на оружјето“ на проруските сили.
Руските сили со недели се обидуваа да го опколат Бахмут и успеаја да отсечат неколку главни патишта за снабдување на украинската армија. Командантот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, во саботата тврдеше дека неговите луѓе влегле во селото Јахидње, во северното предградие Бахмут.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
