Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му се извинил веднаш по почетокот на војната, бидејќи Русија ја нападнала Украина преку белоруска територија, пренесува „Укринформ“.
– Разговарав со Лукашенко на телефон во првите денови од војната и тој се извини. Ми рече: ‘Не бев јас, Путин испалуваше ракети од мојата територија. ’ Ова се негови зборови, а имам и сведоци.
Тој кажа: ‘Извини’,“ објасни Зеленски во интервју за американскиот подкастер Лекс Фридман. Како одговор, Зеленски го обвинил Лукашенко дека е ист како рускиот лидер Владимир Путин.
„Му реков: ‘Ти си ист убиец. ’ А тој ми одговори: ‘Разбери, не можеш да се бориш против Русите.
’“Како компензација, Лукашенко предложил Украина да ја нападне рафинеријата за нафта во белорускиот град Мозир, на што Зеленски му одговорил: „Што зборуваш?“До овој момент нема реакција од белорускиот лидер.
Минатиот месец Лукашенко потпиша договор со Путин во Минск, со кој Русија гарантира безбедност за Белорусија.
Лукашенко побарал од Русија да распореди нови оружени системи, вклучувајќи хиперсонични ракети „Орешник“, пренесува „Укринформ“
Ново на Сител
-
Путин повторно го именува Игор Краснов за главен обвинител на Русија
-
Одбележани 24 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски
-
Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање
-
Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца