Зеленски: Украина е подготвена годинава да почне преговори за членство во ЕУ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е „целосно подготвена“ да почне преговори за пристапување во Европската Унија.
„Одржав состанок за Европската Унија и нашите интеграции. Треба да ги започнеме преговорите за членство оваа година. Украина е целосно подготвена за тоа. Ние го правиме она што е потребно од наша страна“, рече Зеленски во видео обраќање.
Тој додаде дека Киев, во исто време, прави се што е можно за тоа и Европската Унија да биде целосно подготвена, „точно оваа година“. Зеленски изјави дека разговарал со военото раководство за тоа „каде одиме напред и каде украинските сили се во дефанзива“.
„Во сите области првата задача е да се уништат што е можно повеќе окупатори, нивната опрема, залихи, магацини и штабови. Русија мора да губи секој ден – тоа е фер“, рече украинскиот претседател.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец