Зеленски во ЕП во Брисел: Ние се браниме себеси, ние ве браниме вас
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред Европскиот парламент во Брисел истакна дека одбраната на украинската територија од руската инвазија е и одбрана на Европа.
„Ние се браниме себеси, ние ве браниме вас. Само нашата победа ќе ги заштити европските вредности, рече Зеленски во обраќањето пред Европскиот парламент.
Тој посочи дека Русија настојува да го уништи европскиот начин на живот.
„Нема да дозволиме. Оваа целосна војна не е само за копно. Кремљ цинично и намерно, од година во година, чекор по чекор, се обидува да ги уништи европските вредности, како што руските власти ја уништија вредноста на човечкиот живот. Никој во Русија, ако не е во Кремљ, не е почитуван, резимира тој.
Како што оцени, Украина се брани од силата која најмногу е против Европа во современиот свет. Зеленски денеска во Европскиот парламент во Брисел беше пречекан со аплауз на пратениците. Претседателот на Украина денеска по посетата на Лондон и Париз ќе учествува на самитот на шефови на држави или влади на Европската унија.
Ново на Сител
-
Обвинителството отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
-
Во Франција продолжуваат протестите против пензиската реформа
-
Најмалку двајца загинати во напад со нож во муслимански центар во Лисабон
-
Во Бугарија регистрирани 102 дојави за подметнати бомби во училишта низ државата
-
Пеце Суперхикс: Син ми беше истепан во Капиштец од четири малолетни лица познати на полицијата | ФОТО
-
Маж починал по удар од воз во Хиподром
-
На 21 мај парламентарни избори во Грција
-
Обид за упад во станот на германскиот канцелар Шолц