Земан би го поддржал Трамп за претседател на САД
Чешкиот претседател Милош Земан на американските претседателски избори би го поддржал републиканскиот кандидат Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Прага.
Земан во разговор за порталот Иднес.цз оценува дека демократската кандидатка Хилари Клинтон би продолжила по стапките на актуелниот претседател Барак Обама.
- Со цела почит за Барак Обама, неговото име е поврзано со многу неуспеси, тој успеа да го „растресе" целиот Блиски Исток, рече Земан.
Тој додаде дека под раководство на Трамп, Соединетите американски држави би биле поинакви.
Потврдувајќи дека доколку би бил во можност би гласал за Трамп, Земан ги отфрли критиките за популизам или недостаток на искуство на републиканскиот кандидат.
- Кога се кандидираше Реган му се потсмеваа дека е само „глупав актер“ и дека од него ништо не може да се очекува, а тоа беше еден од најголемите американски претседатели, подвлече Земан.
Ново на Сител
-
Минчев: Богојавление нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето
-
Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор
-
Илон Маск и неговите „обиди за мешање“ во европската политика
-
Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово
-
Сиљановска-Давкова: Богојавление – Водици нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици
-
Најстудено во Берово -13 степени, најмногу снег на Попова Шапка
-
Ограбен автомобил на бугарски државјанин во Скопје, осомничени двајца соизвршители