Земјата се уште се тресе - Земјотрес со интензитет од 5,6 степени

според Рихтеровата скала ја погоди денеска североисточна Јапонија, во близина на нуклеарната централа „Фукушима-1“, соопшти јапонскиот Геофизички институт.
Не постои ризик од цунами. Земјотресот се случил во 16:49 по локално време во заливот на Фукушима, а тој е почувствуван и во Токио.
Поради прекин на електричната енергија, предизвикан од земјотресот и со цел проверка на железничките линии, беа сопрени супербрзите возови.
Засега нема податоци за жртви и за материјална штета.
Во нуклеарната централа „Фукушима-1“ не се регистрирани аномалии како резултат на земјотресот.
На 11 март пред шест години силен земјотрес ја погоди зоната и предизвика гигантско цунами, при што загинаа 18.500 лица и беше предизвикана нуклеарна катастрофа во „Фукушима-1“.
Во април минатата година имаше два силни земјотреса во регионот на Кумамото, во југоисточниот дел на земјата. Тие беа проследени во 1.700 вторични потреси. Педесетина лица загинаа, а штетите беа големи.
Ново на Сител
-

Николоски и Рокас присуствуваа на промоција на нови возила за Државниот инспекторат за транспорт
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
