Земјите членки на ЕУ бараат формално сослушување на Унгарија
Неколку земји членки побарале унгарските власти да бидат формално сослушани во рамките на процедурата за суспендирање на правото на глас на оваа земја поради демократските нарушувања.
Земјите членки на ЕУ вчера во Луксембург во состав на Советот за општи работи повторно ја отворија темата за состојбата со правната држава во Унгарија и барањето на Европскиот Парламент и Европската Комисија да се активира членот седум против оваа земја односно да се суспендира правото на глас на Унгарија во Советот поради систематско кршење на начелата на владеењето на правото.
Според дипломатите во Брисел, девет земји на ЕУ застанале зад барањето за формално сослушување на унгарските власти, меѓу нив Франција и Германија. Двете земји имале заеднички настап пред Советот вчера во кој потсетиле дека елементите набројани во извештајот на Европскиот Парламент за Унгарија се „посебно загрижувачки“. Берлин и Париз потсетиле на конфликтот со Централниот Европски Универзитет и унгарските власти и на „фактот што невладини организации и универзитети се чувствуваат приморани да ја напуштат земјата поради рестриктивните мерки на Владата треба сите нас да нѐ загрижува“.
Земјите бараат сослушувањето да се одржи после изборите за Европскиот Парламент во мај.
Во меѓувреме, европратениците кои се задолжени за прашањето за правната држава во Унгарија вчера не биле можност да присуствуваат на состанокот на Советот во Луксембург, иако одамна бараат да бидат поканети на дебатите на земјите членки за Унгарија. Според известувачот за Унгарија во ЕП, Јудит Саргентини, поканата до претседателството стигнала предоцна.
Европскиот Парламент минатиот септември побара од земјите членки да го суспендираат правото на глас во Унгарија сѐ додека не се подобри општата состојба со демократските стандарди во оваа земја. Овој потег меѓутоа нема големи изгледи да се реализира, бидејќи за таква одлука е потребна едногласност од сите членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ
-
На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време
-
Приведен криминалец од Грчец баран со потерница
-
ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот
-
Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници
-
За една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Таравари: Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година
-
АХВ: Контроли во месарниците, уништени 620 килограми небезбедно месо