Балкан
26. January 2024 - 9:38

Земјотрес ja стресе Србија

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Крушевац во Србија.

Според веб-страницата на сеизмолошкиот завод, тоа се случило околу 21 часот и 40 минути.

Потресот бил на длабочина од 4 километри. Нема податоци за евентуална материјална штета.