Свет
11. April 2020 - 18:31

Земјотрес од 5,3 по Рихтер го погоди централниот дел од Калифорнија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Калифорнија.

Потресот бил на длабочина од 10 км. и епицентар на 440 км севeрно од Лос Анџелес. Засега нема информации за жртви или материјална штета.