Земјотрес од седум степени ја погоди Алјаска
Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на Алјаска, соопшти Американскиот геофизички институт.
Локалните власти издадоа предупредување за појава на цунами.
Претходно, Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 6,7 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 41 километар и на оддалеченост од 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава.
По силниот земјотрес уследи послаб потрес.
Засега нема информации за жртви, а причинета е значителна материјална штета.
На Алјаска годишно просечно има по 40.000 земјотреси, а поголемиот број од нив се силни.
На 27 март 1964 година на Алјаска беше регистриран најсилен земјотрес во историјата на САД, со интензитет од 9,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил околу 120 километри источно од Енкориџ, а потоа уследи цунами, при што загинаа околу 130 луѓе.
Ново на Сител
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд