Македонија
28. March 2025 - 8:56

Земјотрес почувствуван во Битола и околината

Земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола - Лерин, во Република Грција, на 125 километри јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4, е регистриран утрово во 05 часот и 04 минути.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.