Балкан
8. July 2021 - 11:09

Земјотрес помеѓу Закинтос и Килини во Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во Јонското Море помеѓу островот Закинтос и пристаништето Килини.

Епицентарот бил на длабочина од 19,6 километри во морето, на 10 километри од Килини, објави Националната опсерваторија на Институтот за геодинамика во Атина, пренесува АНА.