Земјотрес со интензитет од 4,2 степени во југозападна Романија
Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутрината во 8 часот и 26 минути во областа Горж во југозападниот дел на Романија, соопшти Националниот институт за геофизика.
Земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а најсилно се почувствувал во Таргу Џиу, кој се наоѓа на 20 километри од епицентарот.
„Бев во кревет и силно се тресеше под мене. Мислев дека сме се спасиле од земјотресите, но забележувам дека тие повторно се активираат во нашата област“, рекол жител на Таргу Џиу, цитиран од весникот „Адеверул“.
Денешниот земјотрес бил почувствуван и во Хунедоара и Петросани. Локалните жители велат дека бил краток, но силен.
Последниот земјотрес во Горж е забележан на 21 март. Тој беше со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, потсетува „Диџи“. Најсилниот земјотрес беше на 14 февруари со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кога беше предизвикана голема материјална штета и стотици луѓе бараа обештетување.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација, многу скоро очекувам убава вест за македонската економија
-
Приведени двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР - Штип
-
Kривична пријава за три лица од Кочани, при претрес кај нив пронајден хероин
-
Николов: Се утврдуваат потреби за долгорочно лекување на пациенти во надворешни центри во втора фаза
-
Приходот од ракометниот дуел меѓу Македонија и Полска ќе биде дониран во Кочани
-
Муцунски за грчкиот весник „Та Неа“: По несреќата во Кочани, тоа што говореше погласно од зборовите беа непосредните и искрени постапки на солидарност од цела Европа
-
ЕУ вo среда ќе воведе контрамерки на американските царини за челик и алуминиум
-
Мбапе за неговата позиција: Роналдо играше насекаде во нападот, исто и јас