Земјотрес со интензитет од 4,2 степени во југозападна Романија
Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутрината во 8 часот и 26 минути во областа Горж во југозападниот дел на Романија, соопшти Националниот институт за геофизика.
Земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а најсилно се почувствувал во Таргу Џиу, кој се наоѓа на 20 километри од епицентарот.
„Бев во кревет и силно се тресеше под мене. Мислев дека сме се спасиле од земјотресите, но забележувам дека тие повторно се активираат во нашата област“, рекол жител на Таргу Џиу, цитиран од весникот „Адеверул“.
Денешниот земјотрес бил почувствуван и во Хунедоара и Петросани. Локалните жители велат дека бил краток, но силен.
Последниот земјотрес во Горж е забележан на 21 март. Тој беше со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, потсетува „Диџи“. Најсилниот земјотрес беше на 14 февруари со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кога беше предизвикана голема материјална штета и стотици луѓе бараа обештетување.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
