Свет
24. јуни 2017 - 10:23

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени го погоди Мозамбик

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала го погоди Мозамбик, јави ТАСС, повикувајќи се на геофизичкиот институт на САД.

Потресот се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 60 километри северозападно од градот Бејра.

Засега нема податоци за настрадани луѓе и предизвикана материјална штета, посочува ТАСС.