-->
-->
Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја потресе северна Италија
-->
Во регионот на централна Италија, каде во текот на последните три месеца имаше три силни земјотреса, денеска повторно имаше потрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала, пренесе ДПА.
Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија информира дека потресот е регистриран во 16.14 часот по локално време во планинската област Аквила.
Епицентарот е на 11 километри од Аматриче, еден од градовите што беа опустошени од земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтер, на 24 август, кога загинаа 300 лица.
Засега нема податоци за жртви или штети од денешниот потрес, додава ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?