Балкан
5. February 2025 - 21:06

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега

Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран кусо по 21 часот вечерва во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена.

Земјотресите во конкретната област продолжуваат со несмален ритам, а карактеристично е што претпладнево, во период од 25 минути имаше седум последователни потреси со јачина меѓу 4,1 и 4,8 степени.

Паралелно претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекасна денешната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи предупреди за опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот.