Балкан
17. November 2015 - 8:42

Земјотрес во Грција

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала изутринава ги потресе Јонските острови, а се почувствува и во Атина.

Според прелиминарните податоци на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, земјотресот се случи во 9:10 часот по локално време (8:10 часот по средоевропско време) во крајбрежниот појас на 11 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од само пет километри.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, земјотресот траел неколку секунди и бил почувствуван на потегот од Јонските Острови и Епир до копното на Грција.